Ноември 16, 2018

Тринаесетгодишниот Филип Димовски, освои трето место на меѓународниот турнир по џудо што се одржа во Прилеп

Октомври 12, 2018

Филип Димовски (13) од Битола за една година успеа да освие три трети места за учество на дури четири меѓународни натпревари по џудо, а се закити и со медал за освоено прво место  на Државното првенство по џудо организирано за основите училишта во државата.

На 7 октомври Филип освои трето место на меѓународниот турнир по џудо што се одржа во Прилеп. Филип  е ученик во осмо одделение во ОУ „Трифун Пановски “ во Битола, а џудо тренира од пет години во џудо клубот „Пелистер“ кај еден од најдобрите мајстори по џудо, Ѓуро Илич. Неговите  родители велат дека само по една година од тернирањето на џудо Филип започнал и со натпреварите.

-Во неделата на 7 октомври Филип освои трето место на меѓународниот турнир по џудо што се одржа во Прилеп.  Кога беше мал Филип посака да тренира џудо и се покажа дека има голем талент за боречки вештини. Џудото стана негова пасија. Тој исто така  е талентиран и за фудбал каде постигнува забележителни  резултати, тренира во фудбалката школа „Пелистер“- генерација 2005 , а игра и за фудбалскиот тим на неговото  училиште. Упорноста и талентот на Филип високо се оценуваат, велат неговите родители.

received 2379530728726992

received 1909581772682942

received 993155727530338

 

received 2252346865045500

received 285112065674043

received 2143952555870204

received 245781359409508

 

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани