2win800x200

Димитар Пипилевски, директор на ОУ „Крсте Петков Мисирков“од Бистрица со демант на пресот за бесплатниот школски превоз на ВМРО-ДПМНЕ

Октомври 18, 2018

Димитар Пипилевски, директор на ОУ „Крсте Петков Мисирков“во селото Бистрица испрати  демант на пресот на ВМРО-ДПМНЕ,  во кој Марина Стефановска Јовчева обвини дека проблемот со бесплатниот превоз на учениците во Битола сеуште не е решен.

Во писмената реакција на Пипилевски стои-

„Да подметнете „пожар“ и да ги обвините „пожарникарите“ е несериозно и, во најмала рака, лицемерно. Обвинувањата кои ги упативте во врска со превозот на ученици и набавката на учебници е полна со невистини, а со оглед на фактот што доаѓа од вашата партија е дури и смешно.

Но ајде, низ еден краток времеплов, да го побараме коренот на проблемите во образованието, воопшто.

Проблемите со превозот постојат, а оној што се обидува да ги реши треба да го поддржите или, барем, да не му пречите. До пред извесно време го имавме најскапиот превоз на ученици во светот. Зошто е тоа така можете слободно да го запрашате бившиот градоначалник Талески, а ако имате проблем да го најдете, почекајте го во судница каде му се суди за криминално организираниот превоз, пишува Пипилевски.

Накрај Пипилевски нагласува -Но, како и да е, сега македонското образование е во рацете на професионалци и силно посветени луѓе кои ќе го вратат во нормала, кои ќе ги санираат крововите, тоалетите, инвентарот во училиштата, што за сметка на гипс и стиропор беа оставени да „тонат“.

Следниот пат кога ќе решите да давате изјави за проблемите во образованието, сетете се на ова писмо кое ви го напиша директор на училиште кое има долг од околу 620 000 евра, пишува Пипилевски во реакцијата испратена до апла.мк.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани