Валентин Груевски- Општината ќе субвенционира печки на пелети и велосипеди како мерки да се намали загадувањето

Октомври 24, 2018

Претседателот на Совет Валентин Груевски денеска на седницата најави дека локалната самоуправа на Битола во наредниот период ќе ги субвенционира граѓаните при купување на печки на пелети и нови велосипеди, за што Општината веќе издводила 3 милиони денари, пари од буџетот.

 

-Спомнавме три милиони денари за дел проекти кои би влијаеле за заштита на животната средина, од кои два милиони денари за субвенционирање на печки за пелети и еден милион денари   за субвенционирање за купување на велосипеди. Најверојтано ќе субвенционираме до 30 отсто и во двата случаи , со тоа што кај велосипедите  не повеќе од 3 илјади денари , а кај печките со пелети не повеќе од 20 илјади денари, најави Груевски.  

Воедно претседателот на Совет рече дека  наскоро заради транспарентност и јавност ќе се пренесуваат седниците на Совет во целост.

-Да, десеттина месеци се обидувавме и разговараме да најдеме решение  во однос на ТВ преносот на седниците на Совет и најверојатно за брзо време и тоа ќе го реализираме. И сакам да ве посетам вам кои сега жестоко зборувате за пренос на седниците дека најмалку 8 години кревавте рака „против“. Ние кревавме рака „за“ и  ќе најдеме решение за тој проблем, рече Груевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани