Ноември 13, 2018

ЈКП „Водовод“ одбележа 90 години постоење (фото галерија)

Октомври 26, 2018

Јавното претпријатие „Водовод“ од Битола денеска одбележа 90 години од своето постоење. Свеченоста по повод големиот јубилеј се одржа во „Вила Виста“, каде пред вработените, но и сите поканети гости, граѓани,  функцинери,  претставници на локалната самоуправа, бизнисмени, деловни соработници,  се обрати првиот човек на ЈКП „Водовод“ Горан Козаров.

-Ќе дадам се заедно со тимот од вработените да бидеме подобри и поуспешни во годините пред нас, тоа е најмалку што можеме да го направиме за битолчани, за новите генерации. Водата е магија, таа го создава животот , а ние сме тука да создадеме нови убави моменти, рече во својот говор директорот на ЈКП „Водовод“ Битола.

Градоначалничката Наташа Петровска, во своето обраќање пред присутните, сподели и еден приватен момент поврзан  со ЈКП „Водовод“, дека нејзиниот татко бил вработен токму во ова јавно претпријатие од каде се пензинирал, поради што таа многу одмана низ разговорите во семејството имала сознание за работата на  ЈКП „Водовод“

. -Што сме ние без еден од најважните ресусри водата, токмму затоа овој ден е значаен не само за ЈКП „Водовод“ туку за сите нас како битолчани. Сакам да ги поздравам сите пензионирани работници кои работале во ова јавно претпријатие и кои што во целиот изминат период се вложиле во ова претпријатие. Има еден личен емотивен момент кој сакам да го кажам, мојот татко работеше во „Водовод“ и токму од таму замина во пензија. Сакам да се заблагодарам на сите вработени, затоа што многу пати споделувавме со татко ми што се случува таму. И тврдам дека е тоа јавно претпријатие кое низ годините ги развивало сите активности во интерес на граѓаните. На сите вработени во „Водовод“ им посакувам добро здравје да успеат во сите замислени проекти да успееме сите заедно бидејќи водата е благодет што ние потребен, рече градоначалничката Наташа Петровска.

На прославата по повод 90 години од постоењето на ЈКП Водовод“ беше прикажано и кратко видео за развојот и растот на претпријатието, чии почетоци датираат од 1928 година , кога во Битола бил изграден првиот гравитационен водовод, финансиски помогнат од Богословијата

goran

penzioneri

natasa

 

tentele

4

 

11

 

1 0

 

cakar

 

valentin

15

 

12

karapec

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани