Ноември 13, 2018

ФАЛА ТИ ПЕТРЕ ЗА КРШ АВТОБУСИТЕ ШТО МИ ГИ ДАДЕ, СЕ ПОШЕГУВА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НА БИТОЛА ПЕТРОВСКА ЗА ПРВАТА ГОДИНА ОД МАНДАТОТ НА ШИЛЕГОВ

Октомври 31, 2018
Фото СДК.МК Фото СДК.МК

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов синоќа преку комични и сатирични оценки за неговата работа даде отчет за сработено во првата година од неговиот мандат, пренесува СДК.МК.

На вечерата „Скопска прес дружба“, на која присуствуваа новинари, градоначалници, директори на јавните претпријатија на Град Скопје, како и дел од министрите во Владата, за работата на Шилегов говореа новинарот Сашо Ордановски, Бранко Огњановски и градоначалничката на Битола Наташа Петровска. Тие се шегуваа за комарците, проблемот со кучиња скитници, загадениот воздух, ваучерите за пијани возачи, сообраќајниот метеж…

 

„Бидејќи градоначалникот дели субвенции за сè и сешто, за печки на пелети, велосипеди, електрични тротинети, за чистење оџаци, јас предлагам да даде субвенции и на Градежен факултет за да воведат предмет како се поставуваат шахти на улиците. Нема ниту една улица на која шахтата е рамна со асфалтот, или се над или под улицата“, се пошегува Бранко Огњановски.

Градоначалничката на Битола Наташа Петровска му се заблагодари на нејзиниот колега Шилегов за трите автобуси од јавниот превоз во Скопје, што ѝ ги подарил за превоз на учениците.

„Фала ти Петре за трите крш автобуси што ми ги подари. Си ми ги оставил и отчитувачите и сега не знам како да наплатувам. А најстрашно од сè  е што на нив пишува ‘скопска’, а во Битола тоа звучи лошо. Ама да не застане тука нашата соработка. Сакам да ми дадеш и една галија“, му порача Петровска на Шилегов.

Градоначалникот Петре Шилегов и одговори на Петровска дека со тоа што ѝ ги дал трите стари автобуси ја намалил староста на возниот парк на ЈСП„Скопје“, пренесува СДК.МК. 

Ивор https://sdk.mk/index.php/naslovna/fala-ti-petre-za-krsh-avtobusite-shto-mi-gi-dade-se-posheguva-gradonachalnichkata-na-bitola-petrovska-za-prvata-godina-od-mandatot-na-shilegov/

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани