Октомври 23, 2019

Webp.net gifmaker

Приоритетните улици се исчистени, се чистат и споредните велат од ЈКП Нискоградба-Битола

Ноември 19, 2018

Согласно Оперативната програма за одржување на улици во зимски услови од вчера попладне до денес во утринските часови исчистени се улиците од прв и втор приоритет , а исто така се исчистени и приодите кон сите села што  се дел од Општина Битола, информираше за апла.мк  Методи Силјановски директор на ЈКП „Нискоградба“-Битола.

-До денес наутро се  исчистени улиците од прв и втор приоритет , исто така и патиштата до сите села во рамките на нашата општина , само приодите кон селата Ореово и кон Кукуречани се исчитени до денеска напладне. Што се однесува до споредните улици во градот  тие се чистат од утрово и чистењето е се уште во тек, изјави Силјановски.

 

Според него од вчера до денеска наутро по улиците се фрлени 24 тони сол и 24 кубици ризла, за што ЈКП „Нискоградба“ ја ангажираше целокупната механизација.

Од „Нискоградба“ апелираат до граѓаните снегот  од чистењето  на приодите кон нивните домови и зградите  да не го фрлаат на улица, на коловозот.

-Вечерва со падот на температурите нашите дежурни служби се подготвени за посипување на коловозите со сол, особено на улиците со прв и втор приоритет, вели директорот Силјановски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани