2win800x200

ЦРНОГОРСКИОТ МИНИСТЕР ДАРМАНОВИЌ РЕЧЕ ДЕКА НЕМАЛЕ НИКАКВИ МОЖНОСТИ ДА ГО СПРЕЧАТ БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИ

Ноември 22, 2018

Министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, изјави дека немале никакви можности да го спречат бегството на екс премиерот Никола Груевски додека минувал низ нивната држава.

„Ние не, ние немавме никакви можности , дејствувавме исклучиво според законите и прописите. Кога поранешниот македонскиот премиер ја поминуваше црногорската територија во автомобил со странски дипломатски таблици, тој не беше лице надвор од законот, имаше уредни патни исправи и нашите служби на безбедноста и полицијата,кои за тоа ги известија во партнерски однос и службите за безбедност на Македонија, немаа никави овластувања да делуваат поинаку отколку што делуваа. Сѐ друго би било пречекорување на овластувањата и веројатно нешто што тешко би го оправдале“, рече црногорскиот министер.

 

Драмановиќ запрашан со какви документи Груевски ја поминал црногорската граница рече дека нема точни информации. Мисли дека во прашање беше патен лист, но не е сигурен и треба да се провери.

Тој денес беше прогласен во почесен доктор на науки на Битолскиот универизтет „Св. Климент Охридски“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани