Декември 13, 2018

Отстранети се остатоците од кровот на Домот на млади во Бистрица кои беа закана за безбедноста на учениците

Декември 03, 2018

Општина Битола ангажира екипи на јавните претпријатија „Нискоградба“ и „Комуналец“ да ги отстранат сите греди и градежен материјал од објектот  на Домот за млади што би можел да биде закана по безбедноста на учениците во ПОУ „Крсте Петков- Мисирков“ во Бистрица. Акцијата следуваше откако минатата  недела од временските услови се сруши дел од покривот на објектот кој е прилепен до училиштето.

Димитар Пипилевски, директор на училиштето „Крсте Петков- Мисирков“ од Бистрица веднаш реагираше до Општина Битола која испрати  екипа за увид на состојбата и за преземање на мерки.

 

Денеска вработени од  двете јавни претпријатија ги отстранија и средија остатоците од покривот со цел отстранување и на опасноста делови од покривот и објектот да ја загрозат безбедноста на учениците и воопшто минувачите. Од страна на училиштето, околниот простор беше обезбеден со црвена лента и беа назначени дежурни наставници и технички персонал да го обезбедуваат просторот за време на одморите.47240945 337567786826132 713576354867576832 n

-Благодарност до Општина Битола, ЈП „Комуналец“ и ЈП „Нискоградба“ за брзата реакција. Остатоците од кровот кои беа закана за безбедноста се отстранети, изјави за апла.мк, Димитар Пипелевски , директор на ПОУ„Крсте Петков-Мисирков“ во Бистрица.

По ова ќе се бара од Министерството за образование понатамошна интервенција врз објектот, кој е во нивна сопственост,  а веќе е изготвен проект за пренамена на објектот во спортска  сала .47150406 329831457812709 6631886742947364864 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани