2win800x200

Александар Кирацовски: Сите оние што направиле злодело на 27 април ќе одговараат, оние кои биле заведени ќе бидат ослободени

Декември 12, 2018

-Процесот на амнестија е во тек, парламентарната група која што е избрана да работи на оваа проблематика го финализира крајното решение. Сакам да ја информирам јавноста, дека многу строго правиме дистинкција меѓу две групи -граѓани кои што, условно кажано, влегле во Собранието на РМ на 27 април 2017 година, односно правиме разлика меѓу оние кои што иницирале, нарачале ио организирале насилство во Собранието и оние кои што на некој начин биле заведени да бидат дел од истото. Ве уверувам дека сите оние кои што направиле злодело на 27 април ќе одговараат, сите останати, кои на некој начин биле заведени во таа насока, ќе бидат ослободени од обврската. Сакам да истакнам дека во иднина, независно кој какво дело ќе направи ќе одговара согласно законите во РМ, рече Кирацовски денеска во Битола. 

На новинарско прашање дали е обезбедено парламентарно мнозинство за гласањето на уставните измени на 15 јануари следната година, Кирацовски рече дека уверен е оти и други пратеници ќе се приклучат на 80-те народни избраници кои претходно гласаа за пристапување кон уставните измени.

-Не сакам да го користам терминот обезбедено мнозинство. Видовме пред два месеца дека мнозинството пратеници во Собранието на РМ, односно 80 од нив, имаа висока свест и чувство за моментот во кој се наоѓаме и што ни претстои. Република Македонија со гласањето за иницирање на уставните измени сврте нова страница кон напредок кон НАТО и ЕУ. Јас сум убеден дека на 12 јануари, кога треба да започне седницата за комплетирање на уставните измени, која евентуално би траела до 15 јануари, сите пратеници кои претходно гласаа за уставните измени и дополнително нови, ќе гласаат за евроатланските интеграции на Република Македонија, рече Кирацовски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани