2win800x200

Превозниците преку нотар бараат наплата на фактурите за превозот, школите неприфаќаат повисоки цени за учениците

Декември 19, 2018

Дел од превозниците опфатени со бесплатниот школски превоз, преку нотар  им испратиле  на средните  општински училишта  во Битола решенија за наплата на фактурите за извршените услуги.

Училиштата пред извесен период прекинаа да им ги плаќаат фактурите на превозниците и ангажираа адвокат кој ќе ги застапува на суд.

-Согласно измените што се направени во Законот за сообраќај и превоз на патници , а се применуваат од 3 септември 2018 година, ( а со Одлука на Совет од 31 јули 2018) сите патници се изедначени, што значи и ученикот е патник. Ова подразбира дека е нелогично учениците да плаќаат неколкупати поскап билет за превоз од секој друг патник кога сите се возат заедно во ист автобус. Дел од превозниците во фискалните сметки од неодамна вметнуваат 47 проценти попуст со што наведената  цена од 76 денари на релација Битола-село Кравари ја сведуваат на 40 денари, а на училиштата им фактурираат цена од 76 денари, што е неприфатливо. Нелогично е за иста услуга да се плаќаат различни цени на билетите, вели директорот на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“-Битола, Владимир Роме.

Директорката на СОУ „Таки Даскало“ Елизабета Наумовска смета дека неправедно е учениците кои се возат во истите автобуси во јавниот превоз години назад да бидат третирани различно од другите патници, дотолку повеќе што со таквите високи цени беше предизвикан  финансиски колапс на училиштата, што како состојба ја затекнаа новите раководства  при преземањето на локалната власт.

 

-Блокираните сметки предизвикуваа низа дополнителни трошоци за исплата на камати и извршители , односно долговите се зголемија дури и до 40 проценти  повеќе од основицата на долгот. Ваквите состојби успеваме да ги надминеме и нема да попуштиме во настојувањето за правична наплата на превозот , учениците уште повеќе имаат право да се возат по цени исти па дури и пониски од обичните граѓани како патници. Имаме сознанија и докази некои превозници се обидуваат и вршат двојна наплата за превозот , им фактурираат на училиштата се уште фактури по повиски цени , а истовремено им наплаќаат на самите ученици , некои дури не им издаваат ни фискални сметки. Законот е јасен превоз за учениците треба да има , но ние ќе настојуваме и понатаму тој да биде економски оправдан и правичен за сите патници во јавниот сообраќај во Општина Битола, изјави Наумовска, директор на СОУ „Таки Даскало“-Битола.

Родители на ученици за апла.мк велат дека  превозници им бараат изјави на учениците потпишани од родителите дека децата се возеле со извесен превозник за време на изминатиот период. Децата што не ги потпишале изјавите морале да плаќаат по 30 денари за превоз, а за тоа не добиле фискални сметки , велат родители  кои бараат на терен да излезат надлежните органи УЈП и пазарната инспекцијата со цел да се утврди состојбата и да се преземат соодветни мерки.

Од средните училиште во Битола , пак појаснуваат дека сите превозници вклучени во бесплатниот школски превоз имаат добиено потврди од учениците издадени од школите дека можат да го користат превозот.  За школите оваа постапка на превозниците е несфатлива  од причина што во фактурите кои ги доставуваат до училиштата, превозниците доставуваат и список со ученици кои ги користат услугите што не е ни спорно дека услугата е извршена , но спорен  е износот на фактурата кој не е во согласност со измените во Законот за патен сообраќај. Директорите на средните училишта ги враќаат фактурите назад кај превозниците не со цел да го избегнат плаќањето на истите , туку фактурите да бидат корегирани како би можело да бидат платени во целост.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани