ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА ЗА СОРАБОТКА СО ПАРЛАМЕНТОТ НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ БАЗДНИКИН

Декември 24, 2018

Пратеничката  група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Руската Федерација оствари средба со Сергеј Баздникин, амбасадор на Руската Федерација.

Претседателот Александар Кирацовски изрази благодарност за иницијативата за заедничка средба на Групата за соработка која воспостави и одржува долготрајни односи на дипломатско, како и севкупно ниво. Кирацовски информираше за актуелната работа на Собранието, како и за стратешката определба на Македонија за интеграцијата во ЕУ и НАТО алијансата.

 

Амбасадорот Баздникин посочи дека високо ја цени работата на Пратеничките групи и развојот на таа соработка е за добро на двете пријателски земји. Русија и Македонија се наоѓаат пред повеќе глобални предвизици чие решение е од големо значење за идните генерации.

На состанокот соговорниците разменија мислења и ставови во однос на неколку цели: обновување на веќе воспоставената парламентарна соработка, стратешките приоритети на двете земји, неодамна одржаниот референдум и економската соработка.

Од оваа прва протоколарна средба произлегоа и суштински предлози за заемна парламентарна посета помеѓу двете земји, а како близок заеднички датум беше посочен 31 јануари, кога и Руската Федерација ги воспостави дипломатските односи со Македонија под уставното име. 

Рускиот амбасадор истакна дека потполно ја подржува Македонија за влез во Европската Унија кога тоа и да се случи, а генерално е против проширувањето на НАТО алијансата. 

Членовите на Групата се согласија дека постои неискористен потенцијал за соработка помеѓу двете земји и едногласно повикаа на нејзино продлабочување во повеќе области меѓу кои трговската размена во областа на земјоделието, образованието, науката, културата, спортот, како и транспортната линија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани