Превозниците, училиштата и Општината на суд ќе го решаваат проблемот со школскиот превоз!?

Декември 25, 2018

Превозниците од Битола опфатени со бесплатниот школски превоз и натаму преку нотар  им праќаат  на средните  општински училишта  во Битола решенија за наплата на фактурите за извршените услуги, а училиштата преку адвокат им одговараат на решенијата, по што извесна е судска постапка. Превозници  велат дека само си ги бараат парите за реализираните услуги,  но училиштата и Општината не прифаќаат цени неколкукратно повисоки за превоз на учениците од оние за обичните патници.

Сега дел од училиштата се соочуваат со судски постапки кои дополнително ќе им го оптоварат буџетот, особено во оние школи што наследија големи долгови од претходните раководства. Но, поради судските трошоци ситуацијата ќе биде тешка во сите школи , бидејќи ниту една од нив нема предвидено повеќе средства  за судски трошоци.  Од Општина Битола за апла.мк велат дека фомирана е Комисија која треба да ги согледа и отстрани сите спорни ситуации со бесплатниот превоз на учениците во Битола.

-Општината ги заштитува училиштата и себе си, со тоа што формира Комисија која што до сега не била формирана и која што има согледано низа ситуации кои се дискутабилни, а се однесуваат на доставените фактури. 

Оттаму, сметаме дека единствен начин за исплата на истите е по постапка, во која би биле расчистени различностите во увидот на фактурите, стои во одговорот од Општина Битола за апла.мк.

Училиштата пред извесен период прекинаа да им ги плаќаат фактурите на превозниците и ангажираа адвокат кој ќе ги застапува на суд. Од училиштата велат дека согласно измените што се направени во Законот за сообраќај и превоз на патници , а се применуваат од 3 септември 2018 година, ( а со Одлука на Совет од 31 јули 2018) сите патници се изедначени, што значи и ученикот е патник. Ова подразбира дека е нелогично учениците да плаќаат неколкупати поскап билет за превоз од секој друг патник кога сите се возат заедно во ист автобус. Дел од превозниците во фискалните сметки од неодамна вметнуваат 47 проценти попуст со што наведената  цена од 76 денари на релација Битола-село Кравари ја сведуваат на 40 денари, а на училиштата им фактурираат цена од 76 денари, што е неприфатливо, велат од средните училишта во Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани