2win800x200

Анета Стефановска на судењето за „Титаник“: „Немам дамка во работењето, ни за бомби знам, нити некој ми нарачал како да гласам“

Февруари 28, 2019

Поранешната членка на ДИК, Анета Стефановска од ВМРО-ДПМНЕ, во завршен збор за „Титаник“ кај што е обвинета за гласање по нарачка да се поништи чист прв изборен круг во Струмица на локалните избори во 2013 година, денеска плачеше во Кривичниот суд, пренесе порталот СДК.МК.

 

„Многу негативно влијае ова на моето здравје. Зошто ова се случи, како се најдов јас обвинета? Јас сум професионалец цело мое функционерство, а сум била повеќе години на високи функции во државата и таква ќе останам. Јас сум имала ревизии, немам дамка во работењето. Ни за бомби знам, ниту некој ми нарачал како да гласам во ДИК. Гласав по лично убедување и согласно законот“, плачеше Стефановска додека го даваше завршниот збор.

„Мене чесен суде кога ми се слоши минатиот пат, не по вина на судот се разбира, цела Битола прашуваше што ни прават внатре во судот. Тоа влијае на моите чувства и морални квалитети“, пак се расплака Стефановска.

Таа побара ослободителна пресуда за себеси.

Извор СДК.МК

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани