ПЕНДАРОВСКИ НА ПРОЧКА: ДА СЕ ПОМИРИМЕ МЕЃУ СЕБЕ

Март 10, 2019

Кандидатот за претседатeл Стево Пендаровски на празникот Прочка од Битола испрати порака за национално помирување. Запрашан на кој политичар би му простил на денешен дeн, тој рече „на сите оние кои имаа лоши зборови за мене во изминатите години“, а при тоа додаде дека простувањето треба да стане пракса за сите, посебно за Македонците меѓу кои има длабоки и широки поделби.

 

„Во Македонија за жал, политичката поделба е огромна и јас мислам дека во следниот период месец до месец и половина во мојата кампања сакам да се фокусирам на тој проблем. Тоа што премиерот Заев го нарече национално помирување, мислам дека особено во етничкиот македонски камп поделбите се недозволено длабоки и широки. Наша задача е да иницираме процес кој ќе доведе до заздравување на тие рани. Поминавме низ сериозни турболенции, промена на име, уставни промени ,во тој политички процес кој е уникатен за нас и други држави во светот, излегоа многу лоши емоции, многу лоши зборовии паднаа не само во Парламентот, туку и меѓу обичните луѓе. И навистина ова нека биде симбол денешниот ден кога ќе почнеме да се помируваме меѓу себе. Не можеме да се помириме во сѐ, но во неколку точки можеме да најдеме заеднички јазик, а тоа се дека Македонија мора да остане во овие граници, мора да биде функционална демократија и мора да биде членка на евроатланските интеграции“, рече Пендаровски.

Во однос на кандидатурата на Гордана Силјановска рече дека никој од никого не треба да се плаши на изборите зашто имаат различни концепти едниот од 19, а другиот од 21 век.

„Јас мислам дека никој од никого не треба да се плаши од оваа земја во политичка симисла и во било која друга смисла. Мислам дека треба да ги соочиме аргументите, концептите бидејќи очигледно е дека се работи за два различни концепти, едниот е 19 и 20 век, а другиот е 21 век. И во таа битка само со аргументи и со зборови никој нема да излезе повреден во било која смисла“, рече Пендаровски.

Тој посетата на Битола ја искористи и за да се сретне со битолчани на Широк Сокак.53526700 2307332492631423 3919090222318485504 n

53808744 2307332542631418 4969894790654066688 n

54190769 2307332469298092 4236061716456144896 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани