2win800x200

НИ ДЕНАР ЗА СВЕТСКАТА ИЗЛОЖБА НА МОНМАРТР И САМО 100 000 ДЕНАРИ ЗА КОЛОНИЈАТА

Март 14, 2019

Со солзи во очите, крајно разочаран, Коста Хаџи Антоновски основачот на најпознатата македонска детска ликовна манифестација во светот „Малиот битолски Монмартр“ реагира што Министерството за култура без денар го остави 37 издание на Светската изложба на детски ликовни творби. Од изложбата секоја година се избираат најдобрите таленти од цел свет кои земаат учество на ликовната колонија на Монмартр. Годинава, изложбата остана без средства за одржување, а веќе се пристигнати рекордни 15 671 цртеж од 333 улилишта од 34 земји ширум светот.

 

„Револтиран сум , ова е голема грешка што Министертвото за култура и откако повторно одлучуваше за програмата со проекти што ќе ги поддржи, не се коригира. Дали е возможно Детското ликовно студио да постигнува рекордни успеси со Гинисовите изложби низ цел свет, да оди на пет олимпијади, а некој да ја негира ваква изложба? Со ноќи не можам да спијам. Кога го гледам ова богатство од цртежи насобрани 555 000 од сите досегашни изложби, се прашувам дали може да пропадни и некоја да ја унипшти“, вели Хаџи Антоновски.

Годинава од Министерство им се доделени само 100 000 денари за ликовната колонија на Монмартр што е само 6 проценти од средствата што ги побаруваат.

„Кога може еден ученик од Хонг Конг за да присуствува на колонијата во нашата држава да плати 100 000 денари од буџетот на родителите зашто до Битола сами си го плаќаат патот, а толку средства нас да ни додели Министерството за цела колонија. Ова значи негирање на децата. Не смеат вака да се однесуваат кон младите генерации. Со ова се покажува дека националната култура не обрнува внимание кон младите генерации“, рече основачот на Монмартр.

Тој ги покани членовите на Комисијата за култура да дојдат во Битола и да го видат цело тоа богатство на детски цртежи, па потоа нека одлучат дали ќе дадат нула денари за Светската изложба.53743371 2288005168190847 2407756170761601024 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани