2win800x200

Панде Богоевски, директор на ЈП „Комуналец“: Граѓаните да покажат повисока еколошка свест

Март 21, 2019

Граѓаните од Урбаните заедници бараат од Општина Битола и ЈП „Комуналец“ да им помогнат за уредување на јавните зелени површини околу зградите, за што денеска оствариле средба со надлежните.

Од „Комуналец“ велат дека ќе излезат во пресрет да се реалзираат овие граѓански иницијативи, а ги повикаа и другите Урбани заедници да испратат барање до јавното претпријатие за да се разгледаат идеите. 

-Денеска имавме средба со неколку Урбани заедници каде граѓаните иницираа чистење на депониите но истовремено дадоа предлози за уредување на зелените површини пред нивните згради. Тоа го поддржуваме и ние сме во фаза на разговори со нив, нивните идеи да ги стават на хартија, а ние во рамките на нашите можности да излеземе во пресрет, но сето тоа да биде на еден пропишан начин, да достават барање до ЈП „Комунаелц“ а ние да ги разгледаме предлозите, затоа што не е важно само да посадиме, важно е тоа да се одржува. Но, повторувам што е можно граѓаните да покажат повисока свест за нашата животна средина, рече Панде Богоевски, директор на ЈП „Комуналец“.

Запрашан за уништувањето на садниците во училиштата и на другите јавни површини, што минатата есен беа засадени во рамките на акцијата на компанијата „Интерворкс“, Боговески вели дека има поплаки од повеќе установи, а со истиот проблем се соочува и јавното претпријатие на зелените површини што се во неговата надлежност. 

-Постојано имаме поплаки од граѓаните и институциите, се жалат од училиштата, дека се откорнати  многу садници од акцијата на „Интерворкс“ што се реализираше минатата  година. Ние од  „Комуналец“ тоа го чувствуваме секојдневно, затоа што и површини кои хортикултурно ги уредуваме и одржуваме,  постојано се уништуваат.  Граѓаните мора да покажат повисока свест , дури и да укажуваат, да сликаат, да пријавуваат. Јас ги охрабрувам, затоа што мора да најдеме начин, нека биде разговор, предупредување, да делуваме превентивно. Ако сите заедно не се грижиме, не можеме да имаме добра животна средина, вели Богоевски

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани