2win800x200

ПОЖАРОТ ВО РОТИНО БИЛ НАМЕРНО ЗАПАЛЕН, ВИНОВНИКОТ ДО СЕГА НЕ Е ФАТЕН

Март 26, 2019

Во последните петанесет години не се случило во еден ден Територијалната противпожарна единица од Битола да има дури осум интернеции врз сериозни пожари, нити преку лето, а не пак во пролет. Така беше вчера кога пожарникарите дојави за пожар имаа од девет часот утрото до 20 часот вечерта. Најопасен беше пожарот кој избувна од депонијата меѓу потпелистерските села Ротино и Цапари, а потоа огнот носен од ветерот само што не ги зафати моликовите стебла на Пелистер.

 

Бидејќи воздухопловите гаснеа на други места, пожарот вчера вечер беше ставен под контрола со натчовечки сили на пожарникарите од Битола, Ресен, вработени од Националниот парк, јавни претпријатија и други институции. Истиот ден имаше пожар и од другата страна на Пелистер, кај Ниже Поле, а откако се локализира пожарот кај Ротино, пожарникарите вчерта во 20 часот добија дојава за нов кај село Рамна.

Командирот на Противпожарната единица од Битола, Коста Поповски, вели дека сите пожари што се појавуваат во овој период додека не фатат жештините, се намерно запалени, освен кога се во станбени објекти. Вели некои така ги чистат нивите, меѓите, депониите само физички да не се оптоваруваат да чистат.

„Аларматна е ситуацијата не само во Битола, туку и во цела држава. Во последниот месец во државата е катастрфално. Не паметиме една единица да имала дневно од 5 до 10 интервенции. Ги исцпрува максимално сите капацитети и човечки и материјали. Мора да се преземат поригорозни мерки од страна на државните институции , мора еднаш да се најдат сторителите и да се казнат. Инаку вака како што почна на стартот на пролетта, што да очекуваме во јули и август“, велат пожарникарите.

Од Битолската полиција рекоа дека работат на расчистување на настаните, но во моментов немаат информации за јавноста.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани