Street gif

Со патнички воз ќе се тестира пругата Битола- Кременица

Април 15, 2019
ФОТО ТВ ТЕРА ФОТО ТВ ТЕРА

„СТРАБАГ АГ подружница СТРАБАГ Скопје“ и „ИСКРА ДД“ како изведувач и подизведувач на градежните работите  за изградба на железничката пруга Битола-Кременица ги известуваат жителите на Битола, Кравари и околните места дека денес 16.04.2019 година, од 10:00 до 13:00 часот ќе вршат тестирање на пругата со патнички воз, јави ТВ Тера. 

 

Во известувањето до медиумите се вели дека пружните премини и рампите се во функција, но ги повикуваат граѓаните да ја почитуваат сигнализацијата и замолуваат да се обрне особено внимание на премините.

Извор ТВ Тера 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани