2win800x200

Голем успех на битолчанката Маја Крстевска и клубот „Степ ап“ на „Macedonia Open 2019“

Април 19, 2019

11-годишната Маја Крстевска од Битола го освои првото место во категоријата Латино соло танци, настапувајќи cha-cha, rumba, jive и Juvenile 2 (пионери 2) во конкуренција од 14 девојки на Меѓународниот натпревар во латино, стандардни и модерни танци „Makedonia Open 2019“. Натпреварот се одржа на крајот од месец март во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје во организација на Танцовата спортска федерација на Македонија. Талентираната Крстевска беше дел од тимот на Танцовиот спортски клуб ,,Step up” (Степ ап) од Битола кој учествуваше со 49 натпреварувачи во повеќе категории и тоа : Latino solo (cha-cha, rumba, jive), Latino All ladies group, Latino All ladies formation, како и категоријата WDSF WORLD OPEN LATIN & STANDARD.

На овој натпревар учествуваа 38 држави, членки на Светската танцова спортска федерација со над 2500 танцови двојки и танчери. Учество зедоа и 13 STARS COUPLES од 50 најдобро пласирани танцови двојки на светската ранг листа. Сето тоа укажува за квалитетот и големата конкуренција на натпреварот.56312146 2204637739616234 2216007072363839488 n

„.Маја Крстевска член е на нашиот клуб од неговото формирање. За Маја може да кажеме дека е исклучително талентирана, упорна и истрајна, редовна на тренинзите и негува огромна љубов кон танцот, па затоа и резултатите не изостануваат. Во последните две-три години ги освојува највисоките места на натпреварите во нашата држава, но често се враќа со медал и од меѓународните натпревари во странство. Покрај нејзините успеси во категоријата соло латино голем придонес дава и со нејзиното учество во големата група ‘Little Stars’ со која исто така нижат големи успеси“, вели тренерот Јагода Димовска од Танцовиот спортски клуб „Step up“.dfergergerg

Досега Крстевска во латино американски танци освоила прво место во Латино соло на натпреварот „Маcedonia Оpеn“ 2018 и 2019, прво место на Државниот натпревар, прво место на Бодовен натпревар на Степ Ап 2018 и трето место во румба соло на „Greek open“. Таа е одлична ученичка во Основното училиште „Коле Канински“ во Битола и покрај танците, одлично ѝ оди и изучувањето англиски јазик. Освои второ место на Општинскиот натпревар во Битола на ЕЛТАМ и прво место на Регионалниот натпревар во Битола и на 11 мај ќе учествува на Државниот натпревар во Скопје.hh

Инаку, оваа година Танцовиот спортски клуб ,,Step up” одбележува пет години постоење. За толку краток период може да се пофали со голем број успеси. Покрај редовното учество на Државните првенства и бодовните натпревари низ државата, каде редовно се враќа со највисоките награди, многу често клубот учествува и на меѓународни натпревари надвор од државата.

„Изминатата танцова сезона, дел од нашите членови, танцови двојки, беа и на Светски првенства во Унгарија, Романија, Чешка и на престижен натпревар во Австрија. За оваа година веќе имаме комплетно подготвени четири групи девојки кои се натпреваруваат во модерни танци и кои веќе ги освоија своите први пехари и се надеваме дека до крајот на годината ќе продолжат со својот напредок и постигнување на заслужени успеси“, вели Вера Сретенова Симјановска, претседател на клубот.sdwegergrgg

Ова е клуб кој се занимава со изучување на спортски танц.

„Тоа е многу важно да се знае, зашто вообичаено луѓето тоа не го знаат и доаѓа до погрешно размислување и доживување на танцот. Оттука можеби доаѓа и интересот за овој вид спортски танц кај девојчињата, а момчињата се дефицитарни и помалку заинтересирани. Членови сме на Сојузот на спортски федерации и македонски олимписки комитет и преку светската танцова спортска федерација се стремиме кон тоа да овој вид на танц биде и една од дисциплините на Олимписките игри. Некои категории на танц веќе ќе бидат застапени на Олимписките игри во 2020. Значи постојат големи разлики како во видот на чекорите и воопшто држењето на телото, така и во правилата и пропозициите помеѓу модерните танци и спортските танци“, велат од „Степ ап“.56531087 2278246485730461 3890164742861357056 n

(Фото: Mетали, пехари и дипломи освоени од Маја Крстевска во танци)   

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани