2win800x200

Четвртина од градежните работи на стадионот „Под Тумбе кафе“ се завршени

Мај 02, 2019

Изградбата на северната трибина на стадионот „Под Тумбе кафе“, тече според предвидената динамика, така што до денес е изградена една четвртина од изведбата. Битола треба да добие стадион изграден според најсовремени европски стандарди со сите потребни инфраструктурни услови за меѓународни натпревари. На градбата на северната трибина се работи според плановите, па на терен може да се види дека градежните работи напредуваат, новиот објект ја добива посакуваната форма.  

-Моменталната состојба со изградбата на проектот „Изградба на северна трибина прва фаза“ изнесува 25% од вкупната реализација. Општина Битола во соработка со Надзорниот орган за изведба на проектот постојано ја следи динамиката на работа на терен, потврдуваат за Апла.мк од Општина Битола.

Изведувач на градежните работи е  Г.Д. „Гранит“ АД Скопје, но иако претставниците на фирмата во Битола ги контактиравме за подробности околу изведбата, сепак не сакаа да зборуваат за тоа како течат работите за реализација на овој проект.  

Договорот со изведувачот Г.Д. „Гранит“ АД Скопје за проектот „Изградба на северна трибина прва фаза“ е склучен на 23.08.2016 година, во вредност од 336.000.000 денари или околу 5,5 милиони евра.

Бившата власт предводена од Владимир Талески уште на самиот почеток од работите за изградба на стадионот доцнеше со месеци.

Ова доцнење ја повлекува динамиката на завршувањето на градбата на северната трибина, наведуваат од Општина Битола.

-Воведувањето во работа е започнато на 17.10.2016 година, што значи дека со самото воведување во работа, од различни причини и изговори се доцнело два месеци. Градежните работи, со рушење на старата трибина започнаа во декември 2016 година, а првата времена ситуација во Општина Битола е стигната во јануари 2017 година. Тоа значи дека во старт беа изгубени неколку месеци за градежните работи, со што се добива впечаток дека почетокот е одолговлекуван, бидејќи не постоеле пречки од технички аспект за почеток на работата на стадионот. Ова доцнење пак, ја повлекува динамиката на завршувањето на градбата на северната трибина, наведуваат од Општина Битола.

stadion 1

Талески, во текот на 2017 година за овој проект  исплати само 150.000 евра, додека Петровска досега за изградба на северната трибина исплати приближно 1.200.000 евра.

Од страна на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Битола, на чело со Талески, во текот на 2017 година за овој проект биле исплатени само 9.285.693 денари, или околу 150.000 евра, од вкупните 5,5 милиони евра вредност на проектот.

Со преземањето на локалната власт од страна на СДСМ и градоначалничката Наташа Петровска за изградба на северната трибина се исплатени приближно 1.200.000 евра.

-Од доаѓањето на градоначалничката Наташа Петровска, диманиката на исплата за изградба на северната трибина на стадионот „Под Тумбе кафе“ е следна:

-Во 2017 година за овој проект се исплатени 9.545.673 денари (над 155.000 евра)

-Во 2018 година за овој проект се исплатени 58.515.386 денари (над 951.000 евра)

-За досегашните активности на стадионот, во 2019 година Општина Битола на изведувачот му исплатила 3.824.034 денари. (над 62.000 евра), појаснуваат од општината на прашањата на Апла.мк.

Стадионот „Под Тумбе кафе“ редовно се наоѓаше во изборните програми на ВМРО-ДПМНЕ цели 12 години од нивното владеење , но освен што ја урнаа северната трибина и се постави подземната инфаструктура, страдионот не се изгради.

Обврската да го изгради стадионот и остана на новата локална власт на СДСМ, предводена од Петровска.

Според првичните најави зафатот ќе биде во фази, се до 2020, до кога е планирано градбата да заврши, така што битолчани до следната  година ќе добијат комплетно опремена трибина за 4500 гледачи , со соблекувални, со прес канцеларии, свечена ложа и сите пропратни елементи. Целосно новиот стадион "Под Тумбе кафе" ќе собере 12.000 битолчани.

 

stadion 2

stadion 3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани