Street gif

ЗАПЕАЈА И НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК ЗА ДА ПОКАЖАТ ДЕКА И ТИЕ СЕ ТАЛЕНТИРАНИ (ВИДЕО)

Мај 29, 2019

Младата Елена Петровска и другите членови од Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ вчера ја трогнаа публиката на завршниот настан од прокетот „Можеме и сакаме да пееме“ изведувајќи песни на македонски и англиски јазик. Елена која ѝ е позната на битолчани по љубовта кон музиката во својот репертоар освен „Цреша“ од Тоше Проески, ја испеа и песната „Hero“ („Херој“) од Витни Хјустон која ја изведе на англиски јазик.

 

„Многу сум радосна зашто ќе настапам пред публика со музички точки, многу ја сакам музиката“, рече младата Елена.ELENA

Таа заедно со Никола, член на ЦПЛИП „Порака“ ја изведоа и песната „Цреша“, а со други учесници и народната македонска песна „Јовано, Јованке“.61776567 603205306850582 7507932317529145344 n

„Се подготвуваа неколку месеци со музиката, за англискиот јазик многу ни помогна Симона Јовеска од Школото за странски јазици Лотус. Анастасија Центар ни помогна со обука на децата за пеење и се надевам дека настанот ќе биде одлична можност да се подигне свеста дека овие дека можат да ги развиваат своите таленти како и другите луѓе“, рече Оливера Петровска.

Таа рече дека свеста кај луѓето да ги прифајќаат лицата со интелектуална попреченост е на повисоко ниво, за разлика од пред дваесетина години кога таа дознала дека во овие води ќе заплива поради најважното нешто во својот живот, ќерката.

„Немаме спонзорства за да ги развиваат своите таленти, многу е тешко, но се бориме. Ова само е проект, а надвор од него има можност само ако си платиме, друга можност нема. Мојата ќерка осум часа дневно посветува на пеењето. Ќе мора да оди на приватни часови ако сум јас во можност“, рече Оливера Петровска. 

-Ова е вториот дел од нашиот проект ‘Можеме и сакаме да пееме’ во рамките на медиумската кампања ‘Попреченоста е прашање на перцепција’, што го спроведуваат Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, а е поддржан од Европската Унија. Музичкиот перформанс ‘ Музика без граница’ е со цел да се подигнува свеста кај јавноста, подобрување на видливоста на лицата со попреченост во медиумските содржини, креирање на позитивна слика за можностите и способностите на лицата со интелектуална попреченост како и акцентирање на нивните таленти преку уметнички исказ, со што би им помогнале да обезбедат можности за подобра иднина“, рече Јуле Трајчевска, една од основачите на „Порака.61247253 1290886194400117 7837958712655347712 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани