Street gif

Претставници од Новаци на сајла го поминаа кањонот на Цетина во Хрватска

Јуни 02, 2019

Покрај работните обврски, дел до делегацијата на Општина Новаци која е во посета на хрватската збратимена општина Дуги Рат, на своја иницијатива, со зип линија го помина кањонот на реката Цетина во Хрватска кај Омиш. Катерина Чукалевска, Лилјана Најдовска вработени во Општината и советникот Александар Канзуровски, кои се дел од деветчлената делегација, ја изненадија јавноста со својата храброст. Тие со сајла го премостија кањонот каде највисоката точка беше 210 метри. Од снимениот материјал објавен на интернет ви застанува здивот, а не пак да се впуштите во овој потфат.

 

„Ова беше несекојдневно уживање. Додека со висење на сајла се спуштавме низ таа авантуристичка патека имавме можност да го гледаме целиот тој живописен предел. Пред да се впуштиме во оваа авнатура имаше и мала обука, а пуштањето не трае долго зашто се движите со голема брзина на некои места и до 60 или 70 километри на час. Имавме осум сајли за спуштање, а најдолгата беше околу 50 секунди. Се пушташ и со рацете ја контролираш кочницата. Важно е да не се плашиш и да не паничиш“, рече Чукалевска.61541540 313037756303065 4159956884540882944 n

61726661 381736286020629 7841800427757633536 n

Инаку, Новаци и Дуги Рат од Храватска се забратимени општини и барем еднаш годишно имаат меѓусебни посети. Сегашнава делагација од Новаци ја предводеше градоначалникот Љубе Кузманоски. Овој пат целта на посетата беше црпење искуство од тамошното комунално претпријатие за тоа како тие го рециклираат отпадот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани