2win800x200

Жените покажаа дека освен поубав пол, стануваат и силен пол во бизнисот

Јуни 21, 2019

Преда Плус Фондацијата со уште три успешни приказни од три извонредни жени на третите по ред Womenpreneurs Stories во Битола. Во опуштена атмосфера и инспирација за поддршка и поттикнување на поголемо учество на жените во светот на бизнисот пред присутните зборуваа: Влора Адеми од Гостивар- основач на стартапот Дигикјуб познат во ИТ секторот, битолчанките  Марина Цигарда - регионален менаџер за продажба на комапнијата АВОН и Јованка Ристевска сопственик на атељеза рачна изработка на накит.

 

На средбата беше кажано дека жените постигнуваат чудесни нешта кога се поддржуваат. Женското менторство е моќна алатка особено за поттик и развивање на млади жени претприемачи. Кога жени со поголемо искуство на "одиграни натпревари" им понудат поддршка на младите жени на старт на нивната кариера или при деловни пресвртници, ги охрабруваат и тие тоа да го направат еден ден за други нови жени кои влегуваат во водите на бизнисот. И така позитивните ефекти на менторството за шират.64661731 452411098888335 2944046403183181824 n

Беше наментнато прашањето дали жените се подготвени за искрена и добронамерна помош една кон друга и дали се меѓусебно солидарни? Одговорот беше „да“, ако жените поседуваат интелектуални капацитети, ако поседуваат личен изграден став за правичност, и имаат состојба на свест во која знаат дека заедно се посилни. Тоа е и целта на серијата средби Womenpreneurs Stories кои се организираат со цел да покажат дека успехот е можен и покрај многу неуспеси и попатни пречки.64419605 676001519525567 8957082844732063744 n

64669954 604971826674766 1528598093509951488 n

„Ова се средби на кои успешните жени во бизнисот, со несебичен пристап кон успехот на другиот доаѓаат на нашиот ивент да Ве инспирираат. Заеднички ја пишуваме приказната дека "И од Битола се можи". Овие средби се местото каде што се инспирираат жените на успех. Преда Плус Фондацијата продолжува да го поддржува значењето на активната улога на жените во заедницата, нивното поврзување и заеднички ангажман. Ние иницираме соработка со сите општествени чинители и со компании кои го препознаваат овој потенцијал, со што се прават позитивни промени кои водат до економско јакнење на жените, поттикнување на лидерството во сите области и создавање на општество на еднакви можности„, истакнаа организаторите на средбата.

65264376 418592608997052 2999997272860655616 n

Настанот беше организиран во склоп на Employouth акцелераторската програма за стартапи, финасиски поддржано од Европскара Унија преку Interreg програмата за прекугранична соработка со Грција во реализација на Преда Плус Фондацијата.64708849 2154935418100505 3720612044039258112 n

64700964 673320686428886 1627939158058074112 n

65279796 453306688829429 5893120082766200832 n

64701377 2375641686039659 6174423256490049536 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани