Порака на амбасадорите по повод 99 години од Денот на примирјето во Првата светска војна

Ноември 11, 2017

Кристијан Тимоние, амбасадор на Франција:

„Ние посакуваме во сегашноста и во иднина Македонија да биде во регионот, на Балканот, еден камен темелник на мирот. За тоа е потребно единство меѓу Македонците и да се има тој дух на компромис и мир со соседите.

Пораката е мир и помирување. Да го следат нашиот пример, ние, Франција и во Германија ( земји кои се помирија по светските војни) едногласно сме дека ова пријателство мора да го оддржуваме. Таа едногласност ја поскаувам исто така и за Македонија во главните цели кои се приоритети.

Томас Герберих, амбасадор на Германија:

Земјите и народите кои претходно биле непријатели, може долгорочно и одржливо да се помират. Оваа порака сакаме да ја пренесеме и тука на Западен Балкан да покажеме дека тоа е возможно и одржливо во подолг временски период. Германија и Франција се пријателски земји, станаа пријатели после војните и тоа така ќе остане и понатаму. Ние сакаме да го поддржиме патот на Македонија кон ЕУ и НАТО, бидејќи ЕУ и НАТО се организации кои се посветени на одржување на мирот. И онака како што Франција и Германија ќе останат да бидат пријателски земји  една кон друга, тоа го посакуваме и на овој регион.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани