2win800x200

Пендаровски: Нa 4 декември на Самиот во Лондон ќе станеме 30 членка на НАТО

Јуни 29, 2019

„До крајот на годината очекуваме да ја постигнеме и најголемата стратешка цел што ја имаме зацртано, полноправното наше членство во НАТО Алијансата. Процесот на ратификација на пристапните протоколи во сите членки оди со одлично темпо. Очекуваме уште 11 ратификации, останатите членки од 29 те тоа го завршија. Кај овие 11 постапката е или почната или е при крај. Дури и во државите кои имаат компликувани од техички  аспект процедури внатрешно таа постапка е поодмината. Можеме и таму да очекуваме, а и се надевеме дека до 4 декември, до Самитот на НАТО закажан во Лондон , Велика Британија, да станеме и формално 30 членка на алијансата баш во годината кога НАТО слави 70 години од своето формирање, рече претседателот Стево Пендаровски во Битола.

 

-Нашата ратификација Во Конгресот на САД се очекува да помине како што помина ратификацијата за членството на Црна Гора во 2017 година, кога 98 гласаа „за“ еден „против“ и еден беше отсутен. Нас сега не уверуваат дека 99 ќе бидат за, еден може воздржан. Нема најава дека од кај нив може да се забави процесот, ратификацијата можно е да се случи пред годишните одмори во август или во рана есен“, додаде Пендаровски.    

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани