Битола со нова и збогатена туристичка мапа која ќе дели бесплатно

Јули 02, 2019

Деновиве од печат ќе излезе новата туристичка мапа за Битола за сезоната 2019/2020. Ова е трето издание, првата мапа излезе пред три години, па најновата ќе биде многу побогата и посодржинска. Таа содржи брошура од 32 колор страни плус туристичка мапа печатена двострано во 15.000 примероци и што е најважно, ќе се дистрибуира бесплатно на 50 локации и тоа до мај идната година.

 

„Се обидовме да се информираме дали и каде може да се најде водич/мапа на град Битола. За жал, тоа беа многу стари изданија во кои многу објекти и настани не беа спомнати од едноставна причина што тогаш не постоеле или во обратен случај, тогаш биле актуелни, но денес ги нема. Одлуката да се изработи едно содржинско издание беше донесена поради сѐ почестите барања од страна на странските гости да имаат од што да се информираат за најатрактивните места за посета, угостителските објекти, културните настани и друго“, вели Горан Пинза, туристички работник.mapa

принт 3

(Фото: Дел од новата и содржинска мапа, имињата на компаниите имате можност да ги прочитате во оригиналното издание

Новата мапа ја изработија Здружението за активен развој на туризам и угостителство „Дојди, види, уживај “- Битола, тур операторот “Macedonia’s finest” (Најдоброто од Македонија) и дизајнерскиот тим на ИНС МЕДИЈА.

„Прашање на часови е појавувањето на првите примероци од овогодинешното издание. Во мапата најпрво сакаме на туристите да им ја презентираме Битола во кратки црти со основните податоци за градот. Потоа следи кратка историја и најзначајните места за посета, за на крајот од првичниот инфо дел тие да се запознаат со нашите најзачајни културни настани. Во продолжение следи делот во кој се претставуваат дел од нашите локални угостителски објекти и компании. Во изборот што да ставиме прв и основен критериум беше што му треба на еден турист и како тој најлесно да се снајде при престојот во нашиот град и регион. Она што првично го интересира секој турист се разбира се спецификите, атрактивностите и местата вредни за посета“, додава Пинза.

Сето тоа е прикажанно на атрактивен, но наједноставен начин, лесно разбирливо. Има и корисни информации за тоа каде се јаде добро, каде има вкусен десерт, одлично кафе, традиционална кујна, менувачница, маркет и друго.

Печатењето на мапата го поддржаа менаџери и сопственици на фирми и угостителски објекти, но има и хотели и државни установи од градот кои иако се директно засегнати со туризмот и во интерес им е да бидат дел од овај проект, трета година по ред останувале неми на барањата на Здружението.

„Бројот на туристи во нашиот град расте од година во година, но за жал, градот освен од нашите повратници кои престојуваат тука по неколку седмици или месеци, нема голем бенефит од останатите гости. Тоа е така бидејќи останатите посетители се тука само на пропатување и ние едноставно не знаеме да ги задржиме истите. Целта на нашето здружение е формирање на богата понуда и вмрежување на сите чинители на туристичкиот производ , се со цел задржување на гостите на подолг период и претставување на специфичностите и убавините на нашиот навистина пребогат регион“, велат од Здружението.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани