2win800x200

Ќе се градат пет улици во Долно Оризари, рече советникот Корлевски

Јули 05, 2019

Советот на Општина Битола донесе одлука за искористување на средства во висина од 7 милиони денари за изградба на пет нови улици во населеното место Долно Оризари, рече советникот од СДСМ Борче Корлевски на денешната прес конференција. Финансиските средства се обезбедени преку грантот за успешност на МСИП. 

 

„За добивање на овие средства Општина Битола исполни шест од седумете високи криериуми како што се:  зголемување на локалните приходи, на нивото на услуги преку договори, спроведување на програма за намалување на загубите на вода и друго“, рече Корлевски. 
 
Тој додаде дека со изградбата на петте улици ќе се олесни пристапот на граѓаните до нивнтие домови, а калливие улици ќе станат минато. 
 
Покрај ваквиот инфраструктурен зафат, Корлевски рече дека со средсвата од грантот ќе се набави и ново работно возило трактор со дополнителна опрема за потребите на ЈП „Комуналец“. Со ова, вкупната вредност на проектот ќе биде 8 240 000 денари.  
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани