2win800x200

Битола утрово се разбуди во чад и мирис на изгорено

Јули 08, 2019

Битолчани кои живеат на Бајрот, позади Уредот, во близина на Хајдар Кади Џамија и Ушици утрово околу шест часот се разбудија со лоша миризба на изгорено. 

„Беше ужасно, како некаде нешто да гореше. Лошата миризба не разбуди сите, излеговме на балкон да видиме што гори. Чувството беше како да сме среде пожар. Не можевме да видеме пожар никаде, а воздухот беше замаглен како од чад. И тоа така беше можеби еден час додека се исчисти“, раскажуваат жители од улица „Илинденска“ во близина на Старскиот дом „Сју Рајдер“. 
Велат дека ни преку зима не се случило толку воздухот да мириса на изорено.
„Невозможно беше да се заштитите од чадот зашто во овој период од годината сите сме со отворени прозорци и тој слободно навлезе по домовите“, раскажуваат жителите на „Илинденска“. 
 
Аерозагадувањето беше регистрирано и од платформата „Земи здив“ преку мерните инструменти што ги имаат поставено низ Битола. Од таму велат дека Битола утрово се разбуди со високо ниво на аерозагаденост која најпрво беше евидентирана во областа Баир и Новачки пат во 06:00 часот, за потоа да се движеше нагоре накај областа Бадембалари, па населбата Декорпод.
 
Тие на својата фб страница објавија и утрински фотографии на кои со голо око може да се забележи загаденоста. Велат дека ситуацијата на жалост не може да биде евидентирана од државните мерни станици бидејќи не работат и не прикажуваат вредности на веб порталот на Министерството за животна средина. Мерните станици што ги имаат поставено од Земи здив утрово покажаа високи концентрации на ПМ 10 и 2,5 честички. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани