Видео: Чадот утрово веројатно бил од пожар на дива депонија на излезот од Битола

Јули 08, 2019

Чадот и лошата миризба на изгорено кои утрово се проширија низ делови од Битола најверојатно беа последица на горење на дива депонија на излезот на градот, после Светонеделските гробишта по улицата Прилепска.

Од снимениот материјал на Платформата „Земи здив“ може да се види како чади депонијата после пожар, како и тоа дека е прилично голема. Не се знае што го предизвикало пожарот. 

{YouTube}https://www.youtube.com/watch?v=06uhEYy2brw&feature=youtu.be{/YouTube}

 

Битолчани кои живеат на Бајрот, зад Уредот, во близина на Хајдар Кади Џамија и Ушици утрово околу шест часот се разбудија со лоша миризба на изгорено. 

Аерозагадувањето беше регистрирано и од платформата „Земи здив“ преку мерните инструменти што ги имаат поставено низ Битола. Од таму велат дека Битола утрово се разбуди со високо ниво на аерозагаденост која најпрво беше евидентирана во областа Баир и Новачки пат во 06:00 часот, за потоа да се движеше нагоре накај областа Бадембалари, па населбата Декорпод. Мерните станици што ги имаат поставено од Земи здив утрово покажаа високи концентрации на ПМ 10 и 2,5 честички. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани