2win800x200

Заев-Медиумите мора да имаат независна финансиска одржливост

Јули 31, 2019

Како ќе опстојат медиумите?–Ова е прашањето кое се наметна кај медиумите откако со донесувањето на Законот за измени во рекламирањето  во медиумите  им е забрането на општините и јавните претпријатија, како и  акционерските  друштва да се рекламираат и промовираат  со што медиумите речиси една година останаа без договори.

-Веќе е почната иницијативата од вашите застапници, здруженијата на новинарите и на локалните и регионални медиумите, кои одржаа состаноци со мене и министерот  за информации, транспарентност и комуникации при Владата, веќе се отпочнати одредени законски измени кои што ќе дадат  можност секако заради јавниот интерес. Дел од медиумите сте имале финансиско опстојување, пренесување на седниците на Совет, некои од вас имате одлична задача афирмација на граѓаните за одредени работи од делот на локалната самоуправа,  регионалниот развој. Го видовме ова како слабост, ќе го коригираме. Но како што реков работиме и на еден план  каде што ќе овозможиме можност за посилна финансиска одржливост на сите локални, регионални и национални медиуми, кабелски оператори.  Веќе почнавме успешно со поддршка на печатените медиуми преку дистрибуцијата, изјави премиерот Зоран Заев во Битола на новинарско прашање.

Седмата сила е значајна и ќе најдеме трајни и одржливи решенија, рече премиерот.

-Оваа година верувам ќе изнајдеме трајни решенија и за електронските медиуми како и за порталите, за да може да има независна финансиска одржливост заради тоа што седмата сила е многу значајна. Во развојот на демократија таа мора да биде одржлива, мора да обезбедува достоинствен живот за новинарите , одржливост за самите медиуми, и верувам како Европа ги нашла решенијата за одржливост на медиумите така и ние ќе ги најдеме, но потенцирам во соработка со вашите здруженија за трајни и одржливи решинија , вети премиерот.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани