Webp.net gifmaker

Од 14 остана само едно училиште со блокирана сметка

Август 01, 2019

 

Одблокирани се сметките на 13 основни и средни училишта во Битола преку средствата што беа обезбедени од државниот буџет, соопшти претседателот на Советот Валнетин Груевски на седницата на Совет каде се носеше кварталниот извештај за извршување на буџетот за 2019 година. 

 

,,Се работи за одлични бројки во кои остварувањето на приходите е околу 53 проценти што е одлична бројка, оствраувањето на расходите околу 32 проценти, односно Општиан Битола нема доспеани, а неисплатени обврски. Се она што ќе доспее во следниот период ќе има средства за да се плати. Она што беше рак рана на Битола беа блокираните сметки на училиштата, од 14 блокирани училишта уште само едно е блокирано, тоа е ,,Крсте Петков Мисирков" во Бистрица. Неговото одлокирање е во тек носиме неколку одлуки за тоа да ги зголемуваме средствата и веројатно и тоа ќе се одблокира", рече Валентин Груевски претседател на Советот.

Од ВМРО-ДПМНЕ критикуваа дека лага е тоа што власта прикажува дека проходите биле 53 проценти зашто тоа бил префрлен вишок од претходната година над 100 милиони денари и средствата кои беа добиени од централната власт. 68406068 467369117146253 898262315122556928 n

„Капиталните приходи се најниски, од планираните 373 милиони денари  реализирани се во првото полугодие мизерни 6,8 проценти. Приходите од продажба на земјиште кои се реален показател за економската клима од планирани 20 милиони денари само 4 милиони денари. За реконструкција на локални патишта и улици реализирани за половина година само 7,5 проценти. Гасификација нула проценти“, рече Ивачно Тошевски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.    

Запрашан што мисли за тоа дека се одблокирани училиштата кои во нивно време беа блокирани, рече дека е постигната финансиска стабилност, но коренот на проблемот лежи во методологијата со која се одредуваат блок дотациите што стигнуваат до Општината за училиштата. Но, не видел дека власта бара измена на таа методологија. 

 

 

 

 

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани