Август 18, 2019

Street gif

ЧЕСТВУВАЊЕ НА ИЛИНДЕН ВО БИТОЛА

Август 02, 2019

Со полагање цвеќе пред споменикот на Илинден во храмот на црквата Св. Недела во Битола, започна чествувањето на големиот македонски празник Илинден. Претставници од Советот на Општина Битола положија цвеќе во име на градоначалникот Наташа Петровска, која денес присуствуваше на свечената церемонија во Крушево. Цвеќе положија и претставници од Советот на Општина Битола и политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Кај споменикот на двата илиндена пред Центарот за култура, во чест на големиот и светол празник Илинден, делегација од Советот, предводена од советничката Виолета Дракалска, положи свежо цвеќе. Во чест на празникот и жртвите кои ги положија животите за денешната слободна Македонија, со свежо цвеќе почест им оддадоа и делегациите од Советот на Општина Битола, Општинската организација на Сојузот на борци Битола, како и политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

сс

биорци

„Втори Август бил и ќе биде темел и потврда за историскиот континуитет во борбата на македонскиот народ за своја држава и тоа секогаш, без исклучок, како држава на сите народи кои живеат овде, а денес силно промовирана како едно општество за сите. Денес го одбележуваме Илинденското востание од 1903 кога се прогласи Крушевската Република, го одбележуваме Првото заседание на АСНОМ 1944, кога се поставија темелите на државноста на републиката. На овој ден Битола и Битолчани се особено горди на одбележувањето на 77 годишнината од првата борбена акција на Битолско-Преспанскиот партизански одред ‘Даме Груев’ во регионот на Смилево. Се ова е причина овогодинешното мото на манифестацијата на национално ниво да гласи „Сите сме деца на Илинден“, рече советничката Татјана Крнчева.

Пред присутните се обрати и претседателот на Општинската организација на Сојузот на борци од Битола, Александар Трајковски, осврнувајќи се на историските аспекти на двата Илиндена.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани