2win800x200

Кирацовски во интервју за Фактор-Опозицијата избира лица за ширење лажни вести

Август 06, 2019

Пратеникот Александар Кирацовски во интервју за Фактор одговара на прашања за актуелни теми, дел од интервјуто го пренесуваме на Апла.мк.

Велите лажни вести. Владата отвори фронт со тие вести. Што ви пречи конкретно?

Кирацовски: Тој феномен е доста проширен. Нема политичар или тема која во последните две години не бил предмет на лажни вести и тоа огранизирано лиферувани. Имам информации дека опозицијата има развиено цел центар за оваа намена, но за жал добива и поголеми размери. Пред некој ден, за Денот на републиката, сведоци бевме на 17 лажни вести, во еден ден за една тема.

Лажните вести ни ја искривуваат реалноста, а со тоа ги искривуваат одлуките за битни прашања, со што се’ може да добие погрешен тек. Ќе ви кажам само дел од методологијата за креирање и лиферување на лажни вести.

Се одбираат компромитирани ликови, имаме еден таков пример на лице осудено за производство на наркотици пребегнато во СР Германија поради тешко дело – напад на службено лице-полицаец, како и други злодела, кое е редовен извор на лажни информации за многумина кои се таргет на одредени центри, но од чиј фејсбук профил, проопозициските портали редовно лиферуваат лажни вести кои на граѓаните им се пласираат како факти, а се чисти инсинуации. Иако, таа битка од старт им е загубена, затоа што вистината која е непобитна е посилна од лагата која се повторува 100 пати, но одзема време и напор кој може продуктивно да се искористи. Владата излезе со сериозен план за справување со оваа „чума“, што мислам дека ќе вроди со плод.

Повеќе бизнисмени од Битола се пожалија дека биле предмет на рекет. Ви се пожалил ли некој од нив, знаевте ли дека има вакви притисоци пред да се отвори истрагата? Се споменува името на Силјан Мицевски?

Кирацовски: Лично никој не ми се пожалил, а и соодветното место за „жалба“ е обвинителството и МВР.Колку што имам информации споменатиот бизнисмен не бил предмет на случајот „Рекет“, туку имал за цел да изгради дом за стари лица. Во тој дел колку што можам да забележам се работи за облигациони односи помеѓу две страни, Такви договори се склучуваат секој ден помеѓу стотици страни, а неисполнувањето на истите подлежи на судска постапка.За идејата „Домови за стари лица“ на Бојан Јовановски и ние и јавноста одамна беше запозната, но за евентуални злоупотреби, не’, ни под разно.

Искрено, малку е чудно човек кој поседува медиум, кој јавно ја промовирал идејата за старските домови пред премиер, министри и градоначалници, јавно потпишувал договори, добил средства за таа идеја, а бизнисмени се нафатиле да градат со свои средства, сам да се саботира со неисполнување на истата. Или е некоја грешка во чекори или „случајот рекет“ ги повлече и „старските домови“, но во секој случај истрагата ќе потврди се.

Целото интервју можете да го прочитате на овој линк

https://faktor.mk/intervju-kiracovski-ne-mozevme-da-pretpostavime-shto-pravi-nashiot-poznanik-boki-13?fbclid=IwAR2o5mLtog7ATfSrXzxYIttKRte2ixmA_Jdh22uKgU0--JbWbVatPlv86zI

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани