2win800x200

Филипче: Без примени вакцини нема упис во училиште и градинка

Август 28, 2019

Родителите на децата што треба да се запишат во основните училишта до 31 август треба да достават потврда дека детето ги примило сите вакцини. Без пополнет вакцинален картон детето нема да биде запишано на училиште. Државниот санитарен и здравствен инспекторат од септември ќе го проверува вакциналниот статут на сите ученици, не само на првачињата.

-Процентот на вакцинирани деца во нашата земја е како никогаш досега. Во Скопје е 99 проценти, а 95 проценти ширум државата, се уште има еден мал број на невакцинирани деца. Сите мерки остануваат на сила дека нема запишување на невакцинирани деца во училиштата и градинките, како согласно правилниците, така и согласно важечките закони, затоа што никој нема право да го загрозува јавното здравје своите индивидулани постапки, рече министерот за здравство, Венко Филипче, при вчерашната посета на Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани