2win800x200

ОУ„Елпида Караманди“ за првпат носител на Ерасмус проекти прифатени од власта и од опозицијата

Август 30, 2019

ОУ „Елпида Караманди“ за прв пат аплицира за два проекти од Ерасмус плус програмата преку Националната агенција на Р.С.Македонија и успеа да ги добие, соопшти советничката на СДСМ во битолскиот совет Емилија Костурска. Проектите се дел од Мобилност на вработени-кадар во училишното образование и Соработка за иновации и размена на добри практики. Вчера на седница на Совет средствата предвидени за овие проекти се прифатија со измени на буџетот на Општина Битола и овие проекти  едногласно беа прифатени од советниците од власта и од опозицијата.

 

Првиот проект  кој е на тема „(Не) формално ново образование“ е одобрен во висина од 12.460 евра со реализација до ноември 2020 година.

-Во овој проект се предвидува  обука за наставници во Германија, стекнување искуство, нови методи и пристап за подобрување на наставата за деца со потешкотии во учењето. А проектот предвидува и посета на настава во друго училиште, во Турција, каде наставници ќе можат да се стекнат со нови методи , пристап и искуства кои потоа ќе ги споделат со наставниците на локално ниво, рече Костурска на вчерашната седница на Советот  на Општина Битола.

Вториот проект за ОУ „Елпида Караманди“  е одобрен со средства во висина од над 122.000 евра. Проектот на тема „Подобрување на технологијата во основните училишта“ предвидува размена на ученици и наставници.

-Во овој проект се вклучени тројца партнери каде ОУ „Елпида Караманди“  е домаќин. Размената ќе се врши со училишта од Турција, Полска и Шпанија. Во размената ќе учествуваат по 10 ученици и по двајца наставници, предвидува споделување на искуства со употреба на совремна технологија во основните училишта .Проектот ќе трае до август 2021 година, најави Костурска.

Зборувајќи за проектите Костурска се осврна и на финансиската состојба на  ОУ „Елпида Караманди“ напоменувајќи дека  на школото им беа блокирани сите сметки од 2012 година, а со преземањето на власта на крајот на 2017 година долгот достигнал  над 7,6 милиони денари.

-Овој долг во наредните неколку месеци се зголемил  за дури 300% , што е дискутабилно зошто за ненаплатени фактури од 2013 до 2017 година токму тогаш се активираат  извршни решенија. Пред Општина Битола да ги одблокира сметките вкупниот долг на училиштето беше 22.799.157 денари или 370 илјади евра кон разни  добавувачи, рече Костурска на вчерашната седница на Совет.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани