Октомври 17, 2018

Ковачевски, новите раководни кадри во Битола ќе бидат со кредибилитет, капацитет и нема да има непотизам

Ноември 22, 2017

Веднаш по назначувањето на нови членови  на управните  и надзорните одбори  во локалните јавни претпријатија, локалните институции и училиштата ќе се назначат и нови директори  кои во најголем дел ќе бидат вршители на должност, вели пратеникот Васко Ковачевски, локален лидер на СДСМ во Битола.

 

-После утрешната седница на Совет, разрешувањето  и именувањето на нови УО и НО ќе следи смена на директорите  во општинските јавни претеријатија и други институции под надлежност на Општината. Ќе се оди со кадровски решенија во најголем дел кои произлегуваат од институциите, но ќе има и решенија кои што ќе бидат и надворешни, стручни и компетентни, кои ќе бидат назначани како вршители на должност. Немаме донесено одлука кој кадар каде ќе биде распределен, за тоа одлучува градоначалничката. Ќе се внимава да бидат со кредибилитет, капацитет и да нема непотизам, изјави пратеникот и претседател на СДСМ во Битола, Васко Ковачевски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани