Октомври 23, 2019

Webp.net gifmaker

Францускиот амбасадор Тимоние со пофални зборови за битолската Гимназија „Јосип Броз Тито“

Септември 27, 2019

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денес ја посети гимназијата „Јоспи Броз Тито“ од Битола каде беше потпишан уште еден петгодишен договор за соработка со Француската алијанса што овозможува размена на ученици и соработка на многу проекти.

 

„Ова е едно од најдобрите средни училишта во земајава. Оваа гимазија има исклучителна соработака со три средни училишта од Фрaнција. Се обидуваме ова училиште да стане дел од она што значи препознативо ткиво на средните училишта во Европа зашто тука сакаме да градиме и едуцираме идни европски граѓани“, рече францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

Оваа посета е иницирана помеѓу две патувања на гимназијалците во Франција, едното реализирано во септември во Епинал и второто што ќе се реализира во октомври во Кутанс, Нормандија. Овие интензивни размени се резултат на повеќегодишна проектна соработка. При последната посета средношколците во збратимениот град Епинал успешно ја претставија изложбата посветена на Првата светска војна и подготвена од Републичката асоцијација на професори по историја.

„Младите амабсадори од Битола имаа успешната мисија во Епинал, градоначаникот на Епинал е имперсиониран од нивниот француски и познавањата од историјата и нема подобра промоција на вашата земја откоку фактот кога ќе испратите вакви брилијантни луѓе кои ќе покажат дека вашето место е во Европа“, рече амбасадорот.

Во периодот од 19-23.09.2019 година, група од 13 ученици, заедно со директорката на училиштето, Фанија Наумовска и професорот по историја Иљо Трајковски, на покана од градоначалникот на градот Епинал, Мичел Хајнрих, претстојуваа во овој град и во областа Лорен, Република Франција. Тие беа дел од Фестивалот на сликите, а ја презентираа изложбата „100 години од Македонскиот фронт - секојдневниот живот на линијата на фронтот“.
Оваа изложба беше реализирана од професорите по историја Иљо Трајковски и Мире Младеновски, а со поддршка и помош на Асоцијацијата на наставници по историја на Македонија и финансирана од Министерството за култура. гиманзија 2
Изложбата во Епинал ја презентираа учениците од четврта година Кожуваровска Теодора, Ивановска Изабела, Илеиевски Марио, Сивеска Анастасија, Мицевска Емилија, Блажевски Кирил и Смилевска Катерина, потоа од трета година Сајков Леонид, Костанца Споа, Ивановска Мила и Крајчевска Анастасија, како и двајца ученици од втора година Петар Николовски и Ива Танушевска. Презентирањето беше на француски јазик, а голема помош и поддршка на учениците беше и професорката Елена Трпезановска Јовановска, кој им помогна во преводите од македонски на француски јазик и во нивната сигурност во презентацијата и употребата на францускиот јазик.

Билингвалната француска паралелка во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ постои од самите почетоци на овој проект во нашата земја, поточно, од септември 2004 година. Учениците имаат високо ниво на познавање на францускиот јазик, многу од нив студираат, а некои веќе живеат и работат во Франција. 

„Францускиот јазик се изучува како втор странски јазик од прва до четврта година во нашата Гиманзија, имаме и билингвална паралелка што значи дека дополнително се изувачуваат уште три часа, редовно два часа и одредени предмети хемија, математика и други еднаш месечно се предаваат наставните содржини на француски јазик што им помага на учениците подобро да го совладаат и применуваат јазикот. На крај од образованието учениците имаат можност да полагаат и француска полуматура која им овозможува полесно запишување на факултетите во Франција“, рече директорката Фани Наумовска.

Амбасадорот Тимоние најави дека Француската агенција за развој ќе има прокети за заштита на животната средина и одржливот развој, кои ќе можат да се спроведуваат и во Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани