Webp.net gifmaker

ГОЛЕМ ДЕЛ НЕВРАБОТЕНИ НЕ СЕ РЕГИСТРИРААТ ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Октомври 22, 2019

Од 201 невработен битолчанец колку што биле интервјуирани, дури 119 лица не се пријавени во Агенцијата за вработување или 59 проценти, покажа истражувањето на Младинскиот центар од Битола вклучен во проектот „Активни заедници за социјални промени“ финансиран од ЕУ.

„Во истражувањето беа вкучени 201 невработен битолчанец, од нив 126 граѓани се долгорочно невработени што покажува дека сериозен е проблемот со невработеноста. Анализата покажа дека од 201 интервјуирано лице, 82 се регистрираат во Агенција за вработување во Битола како баратели на работа. А од нив само 18 знаат дека имаат право да користат мерки и услуги кои ги дава Агенцијата“, рече Маја Ангеловска од МКЦ Битола

.

Тие апелираат институциите на чело со Агенција за вработување да ги мотивира граѓаните да станат активни баратели на работа, да се регистрираат во евиденција за вработување за да можат да бидат информирани и вклучени во мерките и услугите на Агенцијата.

„Од нашите наоди ние гледаме дека граѓаните не се заинтересирани да се регистрираат. Најчесто се изјаснуваат дека Агенцијата до сега не им нашла работа, не веруваат дека ќе им најде и тоа им е губење време посебно сега кога не се врзани со Фондот за здравство“, вели Ангеловска.

Инаку, општина Битола е една од единаесете општини со најголем број регистрирани невработени. Во 2018 година регистрирани 4939 лица и во 2019 година  4559 невработени.

Не е голем интересот ни за пријавување во Агенцијата за вработување и на ниво на држава.

„Од 812 граѓани кои беа опфатени со интервјуата во државата, 55 проценти од нив не се регистрираат во евиденцијата на невработени и од нив 71 процент се долгорочно невработени или над две години. Ова е важно зашто сите граѓани кои не се вклучени во системот на Агенцијата за вработување имаат и ограничен пристап до сите мерки и услуги што ги нуди Агенцијата, не се информирани, нити вклучени, ни можат активно да партиципираат на пазарот на трудот. Од тие 812 лица, 45 проценти се регистрирани во евиденцијата, но поразително е тоа што само 16 процнти од нив знаат дека имаат некакво право на користење на мерка или програма. И само тројца нив користеле некаква мерка“, рече Дарко Антиќ Здружение ЕСЕ.

Инаку, невработените најмногу се запознати со мерките на самовработување.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани