2win800x200

Школа за документарен филм ќе се отвори во Кино сојузот на Македонија

Ноември 02, 2019

Во Кино сојузот на Македонија од в година ќе се отвори школа за документарен филм со цел да се пиривлечат што повеќе млади лица да работата на тоа поле, но и да се стекнат со повеќе знаења. Ова беше соопштено на синоќешното отворање на 27. Интернационален фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ во Битола.

 

„Младите автори се трудиме повторно да ги вратиме назад и наскоро ќе почне да работи во рамки на Кино сојузот школа за документрен филм посветена на млади автори. Да им се даде можност да видат како се работи документарен филм. Имаме различни видови на филмови, прават филмови и едноминутни и подолги, со телефони или брза техники, сепак документаристиката е она што е најбитно за нас. Македонскиот аматерски документарен филм, за жал, е стагниран. Немаме нешто посебно со што можеме да се пофалиме. Можеби проблем е што немаме школи затоа и се потрудивме веќе од идната година да почне со работа школа за документарен филм “, рече Сашо Дуковски, претседател на Кино Созјузот.

Стефан Хаџиантоновски, претседател на Фестивалот вели дека интерес за учество има и стигнуваат прилично голем број на филмови, но дека има делови од државата кои не се вклучуваат.

„Имавме 22 филмови од Македонија, нѐ радува фактот што има млади автори. Има градови кои не се присутни, од Скопје се само два филмови и тоа претежно од студенти, нема филмови од Велес, Струмица, Гевгелија. Има од западниот дел на државата“, рече Хаџиантоновски.

Годинава на Фестивалот имаше 35 филмови, а синоќа се доделија наградите. Највисоката награда гран-при на фестивалот „Плакета Милтон Манаки“ му беше доделена на Џејмс Калмерс од Велика Британија, за документарниот филм „Реквием за Тин“. Плакетата за најдобра камера што ја доделува Општина Битола отиде во рацете на Томе Љушев, за аматерскиот документарен филм “Од Трпејца преку Св. Заум до Св. Наум“.

Ж.З.

kino

kino 3

kino 4

kino 5

kino 8

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани