2win800x200

ОТВОРЕН ЦЕНТАР ЗА ДОЈКА ВО БИТОЛСКАТА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА

Ноември 04, 2019

Отворен е Центар за дојка во Клиничката болница во Битола каде денес во употреба беше пуштен најсовремен мамограф за скининг на карцином на дојка. Во Центарот може да се направи и магнетна резонанса и ехо дијагхностика кај пацинетите на само од Битола, туку од Југозападниот регион, со што тие добиваат прецизна дијагностика.

 

„Ова е најсовремен апарат, најсовремена технологија која има најдобри каратеристики и сето тоа служи дијагностиката да се одвива многу прецизно. Искувстата во светот покажуваат дека ваквиот тип на мамографи даваат многу точни и прецизни резултати“, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Апаратот чини 120 000 евра обезбедени од ИПА проект за прекугранична соработка со Грција. Ќе овозможи интегрирање на информациските системи меѓу болниците во Битола, Гевгелија и неколку здравствени институции во Грција.

„Ги подобруваме реалациите и комуникацијата со здравствените институции во Грција. Ова ќе значи размена на искуства, знаења и унапредување на здравството во двете земји. Проектот става акцент на превентивните програми, па се надеваме дека ќе имаме можност да работиме на рано откривање на малигните болести зашто доколку на време се откријат, со современата терапија може да значи цеосно изекување“, рече Филипче.

Целиот прокет чини 173 668 евра, а со 15 проценти од средствата учествува и Министерството за локална самоуправа.

„Со докторскиот тим по 15 ноември ќе почнеме со едукативни работиници, со предавања за превенција од карционмот на матка и дојка. Одиме во Преспанскиот Регион и Новаци. Во февруари ќе имаме обуки на нашите доктори од страна на реномирани предавачи од Грчкиот универзитет во Солун, а потоа ќе почнеме со скинингот. Со превоз ќе ги земаме пациентите од помаку пристапните региони, кои немаат можност да добијат таков вид на здравствена заштита, ќе ги носиме во Болницата на преглед. Окоу 200 пацинети ќе добијат здравствена услуга“, рече Билјана Христовска, координатор на проектот.

Во Битолската болница има девет радиолози што е солидна бројка за да се покријат потребите на населениото од регионот. Министерот Филипче најави дека при крај е инсталирањето на акцелераторот и се надева дека во декември ќе проработи, па пацинетите во Битола ќе добиваат и здрачна терапија. Тој најави дека се прават обиди да се модернизира и стариот ангиограф во Болницата, но доколу не се успее во тоа, ќе се набави најнов.

„Ангиографот е навистина стар апарат, но најдовме модус како целосно да се модернизира. И во тек сме на подготвување на почеток на постапката. Во изминатиот период работевме со колегите кардиолози од Кардиолошката болница во Охрид и Клиниката за кардиологија од Скопје за стратегија за пациенти со акутен срцев удар што побрзо да стигнат до потребната институција“, рече Филипче.

Директорот на клиничката болница Др.Зоран Лазаров рече дека позитивните движења во Клиничката болница продолжуваат и јавно им упати благодарност на министерот за здравство Венко Филипче, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, директорот на ЕСМ Васко Ковачевски и директорите на јавните претпријатија за големата логистика и помош што им ја даваат.   

Ж.З. 

bolnica 2

дире

засадија дрвце

дрво

Беа засадени и дврца во дворот на болницата. 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани