Горската служба од Битола помагаше во потрага по преживеани во урнатиот хотел „Мира Маре“ во Драч

Декември 01, 2019

Пет члена екипа од Горската служба за спасување од Битола учествуваше во потрага по преживеани лица од земјотресот во хотелот „Мира Маре“ во Драч, Албанија. Пред земјотресот хотелот беше на неколку ката со десетици соби за туристи, а по катастрофалниот земјотрес беше протворен во рушевина.

„Работевме заедно со тимови од Србија и Црна Гора на рушевините од хотелот каде немавме потврдна информација од тамошните служби дали е пронајдена исчезната девојка или се уште е внатре. Во потрагата ни помагаа тимови од Швајцарија, Италија и Фрнција кои асистираа со кучиња трагачи и камери за пребарување. Поради ризичниот терен имаше само до некаде услови за да се постават камерите“ , велат членови од Горската служба за спасување од Битола. 

 

Од урнатините на хотелот „Мира Маре“ беа извлечени едно преживеано лице и три починати од денот на земјотресот, па се до престојот на битолските спасувачи во Драч. За жал, до нивното заминување не добија информација што се случило со исчезнатата девојка.

Повеќемина битолчани, меѓу кои и други спасувачи и хуманитарци, помогнаа во несреќата што го зафати Драч, дел со тимови за спасување, а дел со хуманитарна помош.

Ж.З.

Фотографии:

urna

urna2

urna 3

urna 4

urna 5

urna 6

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани