Вработените во „Водовод“ ќе го добијат покачувањето од 5% со ноемвриската плата

Декември 02, 2019

Вработените во ЈКП Водовод-Битола ќе го добијат покачувањето на платата од 5 % заклучно со ноемвриската плата, за што одлука е донесена и од Управниот одбор пред една недела, потврди на денешната прес-конференција првиот човек на ЈКП Водовод, Горан Козаров.

 78312996 489251048358558 1977024157027663872 n

Можноста да се обезбеди покачувањето на платат се должи пред се на работата на нвоиот менаџерски тим во изминатите две гоидни, рече Козаров

-За разлика од пред две години кога со ова претпријатие раководеше ДПМНЕ , денес во Водовод се работи транспарентно, домаќински и одговорно.

Сите вработени одат на доусовршување, учествуваат во носењето на одлуките и решавањето на проблемите, а тоа се гледа и во однос на генерираните заштеди и можноста за инвестирање од сопствени средства, рече Козаров.

Според него во овие две гоидни се инвестирани  околу 40 милиони денари во проекти.

  • набавка на нов возен парк,
  • купување на нов агрегат за филтерната станица,
  • обнова на водоводни мрежи,
  • набавка и имплементација на нови софтверски решенија за мониторинг и подобрување на ефикасноста во работата,
  • обезбедени средства за управна зграда
  • модерни наплатни центри на две локации во градот Битола
  • модернизирање на стопанскиот двор
  • набавка на ХТЗ облека за сите вработени по сите стандради и прописи
  • набавка на филтерска песок и базалт која не беше набавена 12 години
  • набавка на современа баждарница за потребите на водовод
  • набавка на водомери
  • изградба на сопствена перална за миење возила и градежна механизација.

А.Б

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани