Заев од Битола: На сметката на ЕЛЕМ има 87 милиони евра, ги враќаме кај граѓаните за еколошки проекти

Декември 08, 2019

Осврнувајќи се на енергетскиот сектор, на вчерашаната трибна во Битола, претседателот на СДСМ и премиер на Владата , Зоран Заев, рече дека се вложуваат десетици милиони евра во еколошко проекти

-Да зборуваме за енергетика, како беше во врме на ВМРО-ДПМНЕ, како е сега . Знае Мицкоски беше директор на ЕЛЕМ од октомври 2016 до август 2017. Да го прашаме како кога просечната пазарна цена на струјата е 50 евра, тој набавува и увезува струја повисока од 200 евра? Да го прашаме зошто во времето на ВМРО ДПМНЕ од 2006 до 2016 стопроцентно е зголемена цената на струјата, укината е и евтината тарифа. Сега ја вративме евтината арифа, државата 11 милиони евра ги зеде на свои плеќи, а имаме најевтина цена на струјата на Европскиот континент. Не прогласија за енергетски шампион во цела Југоисточна Европа. ЕСМ и РЕК заедно имаат 87 милиони евра на сметка. Како е сега можно тоа? Кога дојдовме како Влада требаше да покриеме милионска загуба, но, сега е различно, многу е различно.

Од овие 87 милиони евра кои што се на сметката на ЕСМ, 30 милиони евра ќе одат за нови филтри во РЕК-Битола, 10 милиони одат за набавка на инвертори, ќе се набават 6 еколошки автобуси кои ги користат битолчани и жителите на целиот Пелагониски регион. Не одат парите за скијалишта за пензионерите, во рајски градини и во други глупости. Водиме чесни и исправни политики и ќе продолжиме по тој пат да се движиме. Затоа што не е исто дали едно домаќинство има 1600 денари сметка за струја или 3000 денари. Успеавме со сите овие вредности да одржиме најниска цена на струјата и тоа ќе остане така, рече Заев во Битола.

E.M

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани