Битката за чист воздух не се бие со бојкот на наставата, порача СДММ од Битола

Декември 19, 2019

Овој пат фронот не е на улицата и во протестите. Проблемот со аерозагадувањето не се решава со бојкот на наставата, туку таа борба започнува во училишните купи и се води на образовен, културен и граѓански начин, им порача Петар Николовски претседател на СДММ на средношколците по најавите дека утре извесна група организира марш со бојкот на наставата.

 

„Не смеете и не смееме да дозвиолиме да бидеме изманипулирани и да бидеме поттикнати и излажани, да учествуваме со дела и акции кои ќе не одваратат од вистинскиот пат, образованието. Борбата за згадениот воздух започнува токму таму во училишните купи и се води на образовен, културен и граѓански начин. Дозоволете бробата со аерозагадувањето, која ние ја водиме секојдневно да се одвива на начин кој му долинува на битолчани достоинствено , мирно и разбрано и секако според начелата на здравото општествео уредување преку институциите на системот. Политичките партиски ривили тоа го знаат многу добро затоа немојте да дозволите да манипулираат со вас за свое политиканство, евтоно профитерство и лајк повеќе на социјалните мрежи. Кога пробелмот е на сите со него мора да се соочиме заедно, а не одделно. Тој мора да се решава институционално. Ни еден политичар или научник не може да вети брзо решавање, но барем мерките кои се преземаат да бидат долгорочни и сериозни“, рече Николовски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани