2win800x200

СО ОГНОМЕТ, ДЕДО МРАЗ И МУЗИКА, БИТОЛЧАНИ ВЛЕГОА ВО НОВАТА 202О ГОДИНА

Јануари 01, 2020

На плоштадот„Магнолија“ во Битола, синоќа голем број битолчани ја дочекаа Новата 2020 година. Со музичка програма, која започна во 21 часот, пред битолската публика синоќа настапија ДЈ Рикардо, Кон Тру ДЈ и Фанк‘ Д Ап Бенд, за крај, како кулминација на вечерта, настапи Зарина Прва севда со својот бенд, изведувајќи македонски народни песни.

Неизбежниот Дедо Мраз им ја честита Новата година на битолчани, со желби за добро здраве, успех и просперитет на сите, а точно на полноќ градот беше осветлен од голем огномет.

 

Меѓу граѓаните, Новата година ја дочека и градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска заедно со сопругот и пријателите, заменик – министерката за образование Елизабета Наумовска, директорката на Здравствениот дом Весна Спиркоска и други личности од општественото и културното живеење.нова 2

мнова 3

нова 4

нова 5

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани