Webp.net gifmaker

Сензорите какви што постави „Земи здив“ во Битола прогласени за најдобри на натпревар во Франција

Јануари 22, 2020

Типот на  сензори за мерење квалитет на воздухот какви што се инсталирани и во Битола добија престижната награда за најдобар сензор во категоријата "Monitoring and Awareness in Outdoor Air" (Мониторинг и свесност за воздухот на отворено) на "AIRLAB Microsensors Challenge 2019" организиран од AFD и Airparif во Париз (Франција), соопштија од платформата „Земи здив“.

„За време на натпреварот беа сеопфатно тестирани 34 сензори од целиот свет врз база на 44 параметри во временски период од 4 месеци во француската престолнина Париз и неговата околина. Глобалната мрежа Airly е избрана за најдобра компанија меѓу оние со ниски трошоци за мерења на отворен простор“, велат од „Земи здив“.

 

Тие имаат инсталирано мрежа од девет сертифицирани сензори набавени од независната глобална светска мрежа AIRLY, за која велат дека е една од најдобрите во светот, а сензорите мери ПМ10, ПМ 2,5 и ПМ 1 честички.

Ж.З.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани