2win800x200

Поради еден до два стари кафези не може да се бара затворање, велат од Зоолошката градина

Февруари 24, 2020

Поради еден стар кафез не може да се бара затворање на Зоолошката градина во Битола која е единствена во југозападниот регион, вели директорот Марјан Наловски. Веќе два дена на социјалните мрежи се врти фотогрфија од мајмун во стар кафез со лоши услови во битолската Зоо градина, што предизвика бурни реакции од граѓаните.

Наловски не негира дека имаат еден стар кафез за мајмуни, но дека истиот планираат годинава да го реновираат. За кафезот веќе е направен елаборат и издадена е градежна дозвола. Но, состојбата е таква што ќе бара детална обнова, односно одново да се изгради. Кафезот во изминатиот период не бил реконструиран попради економнска неисплатливост зашто не е поврзан на новата канлизациона мрежа и водовод..

 

majmi

(Фотографијата објавена на фб) 

 мајмун 2

(Фотографија испратена од Зоолошката градина) 

За мајмунот на фотографијата за кој на фејсбук се вели дека е мајмунчето Лука, што во Битола беше донесено од Зоолошката градина во Скопје, каде го отфрли мајката, па чуварите го зедоа под своја закрила, директорот Наловски вели дека ова не е тој мајмун и дека Лука е сместен во друго живеалиште.

„Ние не се откажуваме од тоа да се подобрат условите во Зоолошката градина и тоа е секако и наша желба и визија, меѓутоа не може врз основа на една фотографија да се одредува имиџот или сликата за целата градина. Имаме само два кафе за од постар датум, оној за мајмуните и кафезот со базен за мечката, а другите кафези се понови или реновирани“, велат од Зоолошката градина.

Од таму додаваат дека животните се добро нахранети,а просториите им се затоплуваат со печки на пелети, имаат комора за длабоко замрзнување која збира месо до 5 тони , а им даваат и разновидна храна. Од Зоо градината аплеираат за иницијативи кои ќе придонесат за да се помогне опстојувањето на зоо градината, а не иницијативи за затворање.

Ж.З.

Фотографиите ни ги испратија од Зоолошката градина, за како што велат да се добие комплетна слика за состојбите во неа 

 зоо

рис

орел

нилски

меца

ему

мајмуни

мајмуни 3

меца

лав 2

лав

лав 4

лаб 3

срни 5

добиток

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани