Webp.net gifmaker

Ученичкиот дом „Мирка Гинова“ добива целосно нов лик

Февруари 29, 2020
Фото: Горан Петровски-Фото студио ПИНК Фото: Горан Петровски-Фото студио ПИНК

Државниот ученички дом „Мирка Гинова“ во Битола го менува својот лик, а со реконструкцијата се создаваат далеку подобри услови за 310 ученици кои престојуваат во домот. Од фотографиите направени пред реконструкцијата и по неа, може добро да се види во какви услови престојувале учениците, а како сега изгледаат нивните соби за што од Министерството за образование и наука се вложени 110 илјади евра.

-Со моето доаѓање како директор на оваа инстуитуција, заедно со вработените, направивме тим и покажавме голем успех, затоа што реконструктивните зафати во изминатите 38 години беа реткост. За првпат во домот добивме донација од Министерство за образовнае и наука за мебел, шкафови, кревети, јоги, масички, столици, канцелариски мебел со што ликот на домот се измени, а тенденцијата на зголемување на бројот на ученици е во постојан пораст, вели Елена Спасеновска, директо на ДУД „Мирка Гинова“ од Битола.

Со сопствени средства во ДУД „Мирка Гинова“ реновирани се и санитраните јазли, кои беа во катастрофална сосотјба и не ги исполнуваа елементарните критериуми за ваква установа.

-Ги реновиравме тоалетите на двата ката бидејќи беа на границата на употребливост со записници на инспекциите кои шо укжауваа на тоа дека во тој изминатат период не беше ништо направено за реконстуркција на тоалетите. Исто така од Министерството за образование и наука добивме и донација од 700 илјади денари за набавка на кујнски апарати и друга опрема во кујната. Набавивме и апарат конветомат кој што е наменет за приготвување на здрава храна, што е многу важно за исхраната кај учениците. Ние сме една од ретките установи што го имаме тој апарат кој е многу скап, а ние имаме можност ги следиме светските трендови за здрава храна, вели Спасеновска.

Во домот исто така се смествуваат и гости кои што учествуваат на разни манифестаии во градот, а установата спонзорира и спортски клубови, со што, како што вели Спасеновска, даваат свој придонес за развој на Општината и градот.

-Обрнуваме внимание и на постојано усовршување на вработените, тие  следат семинари и обуки, со што го подобруваат воспитно-образовниот процес и целокупното живеење на младите. И во иднина секако ќе се трудиме да направиме уште повеќе за ДУД „Мирка Гинова“,  бараме нови донации за да го завршиме целосно обновувањето и се надевам дека за скоро ќе можеме да се пофалиме со  целосна реконструкција на домот, кој што е од големо значење за учениците кои што претсојуваат тука од целата држават, вели Спасеновска.

Е.М.

 

Состојба пред реконструкција на тоалетите во ДУД „Мирка Гинова“-Битола

DSC 2123.MOV.Still001

DSC 2124.MOV.Still001

DSC 2125.MOV.Still001

DSC 2126.MOV.Still001

DUD Mirka Ginova Bitola.mp4.Still002

 

 

Состојба по реконструкција на тоалетите во ДУД „Мирка Гинова“-Битола

DSC 2103.MOV.Still001

DSC 2104.MOV.Still001

DSC 2105.MOV.Still001

DSC 2106.MOV.Still001

DSC 2107.MOV.Still001

DSC 2109.MOV.Still001

 

Фотографии од реконструираните соби, занимални и други простории во ДУ „Мирка Гинова“-Битола

DSC 2080.MOV.Still001

DSC 2081.MOV.Still001

DSC 2084.MOV.Still001

DSC 2088.MOV.Still001

DSC 2092.MOV.Still001

DSC 2094.MOV.Still001

DSC 2095.MOV.Still001

DSC 2098.MOV.Still001

DSC 2100.MOV.Still001

DSC 2102.MOV.Still001

DSC 2111.MOV.Still001

DSC 2112.MOV.Still001

DSC 2131.MOV.Still001

 

DSC 2133.MOV.Still001

DSC 2136.MOV.Still001

DSC 2138.MOV.Still001

DSC 2139.MOV.Still001

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани