Webp.net gifmaker

Нова сообраќајна студија за улица Довлеџик со велосипедски патеки

Март 09, 2020

Изработена е нова сообраќајна студија за уредување на коловозот од крстосницата кај Педагошки факултет до бензиската пумпа на Макпетрол на излезот од градот. 

,,Сообраќајната студија опфаќа пешачки патеки, велосипедски патеки и нов коловоз во делот каде што нема заклучно со мостот кај бензиската пумпа", најави претседателот на Советот Валентин Груевски. 

 

Со оваа студија предвидено е да се градат велосипедски ленти (на коловоз), две сообраќајни ленти за сообраќај во две насоки и тротоари од двете страни на коловозот. Профилот на улица ,,Довлеџик"е 14 метри кој  ќе опфаќа 1,5+1,5 метри тротоар од двете страни, 1,5 +1,5 метри велосипедска лента од двете страни на коловозот, 1+1 метар заштита меѓу велосипедите и моторните возила од двете страни на коловозот со еластични столбчиња и 3 +3 метри сообраќајна лента за моторни возила. 

Предвидено е проширување во однос на постојаната состојба на потегот од реката Курделес до реката Драгор со што постојаниот коловоз се проширува од 7 до 11метри.

Ж.З.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани