Седум улици во Долно Оризари за првпат добиваат асфалт

Март 11, 2020

Седум улици во Долно Оризари за првпат добиваат асфалт. Пет се веќе завршени, а за две постапката е во тек. Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, денес на терен изврши увид во градежните активности во ова населено место, каде со инвестиција на Општина Битола, преку проектот за подобрување на општинските услуги со поддршка на проектната единица на Светска банка во Министерството за финансии, изградени се 5 улици во вредност од 3 519 265 денари.

IMG 20200311 112442

Изградбата на коловоз следуваше после поставување на водовод и канализација  во вкупна вредност од 800 илјади денари. Во моментот завршува и поставувањето на бехатон плочки во овој дел на површина од 300 метри² со вкупна вредност од 300 илјади денари. Пред отпочнување е постапката за уште две улици, проект кој го реализира Општина Битола, преку Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

IMG 20200311 113550

Со реализацијата на овие  проекти, Општина Битола  во моментот  во Долно Оризари инвестира вкупно 6,5 милиони денари.

-2372 метри квадратни покриена кал во населбата Долно Оризари. Претходно работни активности имаа јавните претпријатија Нискоградба и Водовод, потоа се постави асфалт и бехатон плочки во еден крак во една од улиците. Потрошени се 4,6 милиони денари досега, но она што е најважно, ќе нагласам дека во досегашниот зафат овде покривме кал повеќе од 2370 м². Следуваат два нови краци кои што треба да ги изведиме во висина од 1,8 милиони денари. Во делот кај училиштето веќе имаме проектна документација за уште три краци, се подготвува проектна документација за останати улици што значи за скоро време целата оваа населба треба да добие многу поинаков изглед. Има уште многу да се направи, но битно е дали работите се поместуваат, изјави градоначалничката Наташа Петровска при денешниот увид во градежните активности на терен.

IMG 20200311 112424

Градоначалничката Петровска изврши увид и во дворот на основното училиште „Кирил и Методиј“, каде што во завршна фаза е рехабилитацијата на спортски терен со вкупна инвестиција од 2.000.000 денари.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани